Премини на содржината ↓

Ребека Лазова

16 August 2018

UWC Костарика, 2018-2020

Здраво! Јас сум Ребека и поминав две прекрасни години во UWC Костарика. Искуството на UWC е просто незаменливо бидејќи работи како катализатор на созревање и спознавање на себеси во доста динамична околина. Можете мирно да спиете знаејќи дека секогаш ја ширев македонската пропаганда со најмалку 10 тегли ајвар. Покрај тоа што обожавав да го осознавам светот преку различните култури на UWC и меѓународните односи, оние области преку кои уживам да го збогатувам мојот видиковец се светската литература и филмот, филозофијата и антропологијата. Во наредните четири години ќе студирам на колеџот Lewis & Clark, па доколку се најдете во Портланд, добредојдени сте на лепче со ајвар и сиренце.