Премини на содржината ↓

Огњан Денковски

8 August 2018

СОК Мостар, 2012-2014

Огњан го започна своето меѓународно искуство во Светскиот Обединет Колеџ во Мостар во 2012 година, а од таму го продолжи своето образование во еден од најрaзновидните градови во светот - Амстердам, каде што сеуште студира и работи. Toj има четири основни страсти: образование, политика, патување и компромис.

Студирајќи во Амстердам (мастер студии) се фокусира на истражувачки методи и програмирање во полето на комуникациски науки. Ја следи политиката дома и на глобално ниво и најважните настани ги истражува во своите проекти. Патувањето му е најредовен и омилен начин на опуштање и осознавање на нови нешта, зошто смета дека светот е голем и нуди многу можности за истражување. Компромис бара во секоја политичка и лична дискусија, и иако разни алатки го пласираат како умерен десничар, Огњан се смета себеси за центрист кој е отворен за дијалог со сите релевантни страни.