Премини на содржината ↓

Теа Мисевска

16 August 2018

СОК Мостар, 2017-2019

Здраво! Јас сум Теа и доаѓам од Куманово. Моментално ја изучувам својата втора година во Светскиот Обединет Колеџ во Мостар, и нема да ве лажам I'm having a blast! Моите топ три страсти се животните (мое догго Хенри е #1), аркитектурата, и екологијата. Кога пораснам сакам да биднам архитект на одржливи зоолошки градини сто се 100% animal-friendly и имаат форма на дом повеќе отколку на затвор (рyжни пурелy-функционални решетки збогум.) Мислам дека архитектурата на зоолошките градини треба да е обзирна на природата на секое животно со тоа сто е дизајнирана врз според спецификите на секое присутно пријателче 🐒.


Во Мостар прв пат се сретнав со предметот Антропологија сто ме заинтересира за важноста на почитувањето на културниот контекст, посебно од архитектонски аспект. Скопскиот брyталистички пејсаж оттогаш за мене стана култен видик што се одликува со складност со Македонското културно-македонско поднебје, нажалост една одлика станува реткост во сегашниот аркитектонски пејсаж. Една од моите желби е да се прошири автентичното присуство на градбите од овој стил и да се одржува нивно постоење.

Мостар е инакy екстра сончев 24/7 и тоа е една од работите сто ме мотивациски одржува за време на тешките студиозни денови. Тоа, и, луизвонредните луѓе со која сум опкружена 24/7🌻. Можам да кажам (без сигурност лол) дека сум психички спремна за престојната академска година.

Tagged 2019 Mostar