Премини на содржината ↓

Ребека Лазова

6 August 2020

СОК Костарика, 2018-2020

Здраво! Јас сум Ребека и поминав две прекрасни години на Светскиот Обединет Колеџ при Костарика. Искуството на UWC е просто незаменливо бидејќи работи како катализатор на созревање и спознавање на себеси во доста динамична околина. Можете мирно да спиете знаејќи дека секогаш ја ширев македонската пропаганда со најмалку 10 тегли ајвар. Покрај тоа што обожавав да го осознавам светот преку различните култури на UWC и меѓународните односи, оние области преку кои уживам да го збогатувам мојот видиковец се светската литература и филмот, филозофијата и антропологијата. Во наредните четири години ќе студирам на колеџот Lewis & Clark, па доколку се најдете во Портланд, добредојдени сте на лепче со ајвар и сиренце.

Tagged 2020 Costa Rica