Премини на содржината ↓

Јана Неделкоска

6 August 2020

UWC на Јадранот, 2018-2020

Здраво на сите! Јас сум Јана и доаѓам од Прилеп. Последниве две години ги поминав во прекрасното Дуино учејќи на UWC на Јадранот. Би ми требале илјадници зборови за да можам да го опишам моето искуство во UWC, но за сега само ќе речам дека беше едноставно незаборавно. Се она што го научив во последниве две години допринесе до тоа да станам личноста која што сум денес. Најомиленото нешто за Дуино секако секогаш ќе ми бидат луѓето, моите primi (firsties), secondi (second years), па и старите баби и дедовци кои секој ден ќе ме поздравеа со едно ‘Ciao bella!’. Бидете сигурни дека ги искористив овие две години јадејќи што повеќе традиционални италијански јадења и пиејќи колку што можам кафе. Нешто повеќе за мене: во речиси било кој момент можете да ме најдете со главата во книга, обожавам да сум во природа со животни и можам да го отсвирам Бетовен на укулеле. Следниве четири години ќе ги поминам во библиотеките на Оксфорд учејќи старогрчки класици, па ако некогаш се најдете во близина, слободно контактирајте ме.