Премини на содржината ↓

Критериуми за аплицирање

За да аплицирате преку Македонскиот национален комитет, треба да ги исполнувате следните критериуми:

● Да бидете во втора или трета година средно училиште
● Да имате Македонско државјанство или да сте живееле во Македонија во последните 5 години
● Да имате основни познавања на англискиот јазик

Напомена

  1. Кандидатите аплицираат до Македонскиот Национален Комитет за Светските Обединети Колеџи како претставник на движењето Светски Обединети Колеџи во Република Македонија, а не до одреден колеџ.
  2. Иако Македонскиот Национален Комитет за Светските Обединети Колеџи прави напори да обезбеди стипендија за сите избрани ученици, школувањето во колеџите може да биде со целосна или делумна стипендија.
  3. Заради бројот на апликации секоја година, Македонскиот Национален Комитет не е во можност да ги образложува своите одлуки околу изборниот процес, особено во првите рунди на селекција.